Lynk&Cо и Geely – Нови салони

Делфино Мобилити Груп го прошири своето работење со возилата Lynk&CO

За неполна година од почетокот на работењето Делфино Мобилити Груп го прошири својот асортиман. Во ново отворениот изложбен салон во комплексот на Националната Арена Тоше Проески, нашата млада компанија отвори два репрезентативни  изложбени салони наменети на брендовите што ги застапува.

Она што е најинтересно е фактот што двата салони повеќе наликуваат на бутици отколку на автомобилски салони. Тие имаат топла атмосфера и делуваат отмено. Сега, покрај Geely, на македонскиот пазар стана достапен уште еден кинески производител кој веќе е добро етаблиран во Европа.

Lynk&Cо е познат по своите модели кои се базираат на новата енергетска платформа, имаат напредни технологии и успешно им парираат на традиционалните производители. Првично е изложен атрактивниот кросовер 01, но за кратко време ќе биде промовиран и електричниот купе кросовер 02.

Моделот 01 е приклучен хибрид кој комбинира три цилиндерски 1,5 литрен турбо-бензинец со 180 КС и електро-мотор од 60 kW кого го напојува батерија со нето капацитет од 14,1 kWh. Таа овозможува да се вози исклучиво на електричен погон до 88 километри. 01 е дизајниран во Шведска,  богато е опремен и чини 39.990 евра.

Наша препорака е да ги посетите двата ново отворени салони, има што да видите и да почуствувате

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER