Lexus LS – доаѓа со Дедо Мраз

Разубавување за следната година

 

Lexus го обнови својот седан LS за да настапи на пазарот до Ново годинишните празници

објавено 30 септември 2020

Со рестилизирањето на знаменосецот LS, Lexus успеа да направи подобрување на техниката преку напојувањето на хибридниот систем преку оптимизација на  батеријата, системот за прилагодлива варијабилна пумпа (AVS), стабилизаторите,  а лежењето на патот е подобрено и култивирано. Целосно автоматскиот активен асистент за паркирање ја слави својата премиера во Lexus LS 500h. Може да се активира и однадвор и да користи мемориска функција за зачувување и препознавање на редовно користените места за паркирање. Според Lexus, системот треба да работи и ако паркингот нема линии за обележување и нема возила што се паркираат во непосредна близина.

Понатамошните ажурирања се однесуваат на технологијата на фаровите и системите за асистенција. Често користените функции, како што се прилагодување на електричното седиште или греење на воланот, може да се пристапи побрзо со помош на нова контролна површина на екранот на допир. Употребени се нови материјали на рачките на вратите кои се обложени со дрвен панел и пијано финиширани површини. Надворешни промени се новооформените предни браници и решетката на моторот офарбана темно металик. Малите дополнителни влезови на воздух во долниот браник се поместија нанадвор и имаат повеќе аголна форма. Дебито на големите европски пазари се очекува во втората половина на декември, а среќниците кои ќе го добијат Lexus LS за подарок ќе се чуствуваат среќно и сакано. Па затоа постојат празниците, нели?

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER