Навистина нешто посебно
Ако се знае дека во името го има псевдонимот Morizo под кој Акио Тојода настапуваше на трки, тогаш сé е јасно. Направен без компромиси, овој мал SUV на Lexus го доби бесниот трицилиндричен мотор од GR Yaris кој за него уште малку е засилен и сега има 304 KS и 400 Nm. Ќе се пренесуваат на сите тркала преку шестстепен мануелен или осумстепен автоматски менувач, а спринтот до 100 km/h трае 5,2 секунди. Максималната брзина не е откриена. Од стандардниот LBX е поширок за 15 и понизок за 10 милиметри, а се разликува и со поагресивната каросерија, двојните издувни цевки и поголемите сопирачки, како и по спортските седишта во внатрешноста.
Ова луто машинче за сега се нуди само во Јапонија, по цена од 6.500.000 јени (околу 38.000 евра) без оглед на трансмисијата. Ќе постои и Bespoke Build верзија со дополнителни опции чие лимитирано производство од 100 примероци ќе биде разделено на заинтересираните купувачи по пат на лотарија. Се очекува Lexus LBX Morizo RR во Европа да стигне во текот на идната година.




