Lexus IS » Прецизно брусење на атлетската агилност

Top News Новитети

Прецизно брусење на атлетската агилност

Приказната за третата генерација на Lexus IS започна во 2013-тата и нема намера да престане да се пишува

Објавено на 17 јуни 2020 година

Лансиран како модел кој најчисто ги изразува спортските карактеристики, Lexus IS во својата класа донесе ново ниво на возбудата во возењето. Иако со доза негодување заради воздржаниот дизајн, купувачите позитивно реагираа вистински ценејќи ја атлетската агилност што ја имаше. Но тоа за Јапонците не беше доволно. Го редизајнираа во 2016-тата, а сега дополнително го избрусија менувајќи ја уште еднаш дефиницијата за тоа каков треба да биде еден спортски седан. Затоа и покрај помодерниот изглед тој има унапредена платформа, која со модификуваното ослонување и пошироките траги на тркалата му обезбедува попрецизна управливост. Подолг и поширок отколку досега, динамичноста на изгледот е нагласена со маската со тридимензионална структура и полутите светла. Витката силуетата со рестилизирани линии се преточува во поостар заден дел, кој не остава место да му се најде некоја замерка.

Внатрешноста не е многу менувана затоа што немаше потреба. Додаден е нов мултимедиски систем со поголем екран, а централната конзола е преуредена. На опремата не е штедено иако се добива впечаток дека и тука нема многу што променето. Исто е и со моторите, кои само се прилагодени кон новите еколошки норми. Засега се познати спецификациите само за американскиот пазар, кои опфаќаат две погонски единици. Дволитарскиот турбо има 241 коњска сила, а 3,5 литарскиот V6 доаѓа во две верзии – со 260 и 311 коњи. Менувачот е автоматски со осум степени, додека верзиите со погон на сите тркала имаат само шест степени. Чудно е што Lexus засега не споменува хибридна варијанта, но до почетокот на продажбата есенва ќе дознаеме и за неа.

клучни зборови: ,