Среќен роденден Lexus (видео)

Lexus прославува 35 години

На денешен ден 1989 година Toyota ја лансираше својата премиум дивизија Lexus. Приказната за нејзиното настанување започнува на почетокот на 1980-тите години кога доаѓа до коренити промени во филозофијата на пристапот на јапонските производители на автомобили кон купувачите. Повеќе заради желбата да го сменат имиџот дека нудат само економични и евтини производи, помалку заради самонаметнатите извозни квоти, тие започнаа да се стремат кон поголеми и поскапи возила кои носат поголем профит. Затоа како и другите производители и Toyota започна да се подготвува за влез во високата класа. Со дури милијарда долари трошоци за развој беше конструиран сосема нов голем автомобил со четирилитарски V8 мотор со 250 коњски сили, лансиран под новиот бренд Lexus. Американците беа воодушевени со врвниот квалитет на изработка и луксузот што го нудеше зацената од 35 илјади долари и за четирите месеци колку остануваа до крајот на 1989-тата после почетокот на продажбата, станаа сопственици на 11.574 примероци. Сé понатаму е историја.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER