Во име на круната се електрифицира возниот парк
Лондонската компанија за електрични возила (LEVC) ја стави Кралската пошта во системот на тестирање на новото комбе
објавено на 22.07.2020
Останува уште малку време до комерцијализацијата на новото комбе VN5 и сега дојде време да се направат реални употребни тестови. Едни од најдобрите за оваа прилика, но и потенцијални купувачи, се поштенските службуи. Затоа LEVC, која е еволуирана од иконскиот производител на фамозните лондонски такси возила, склучи договор со Кралевската пошта за пробно користење и тестирање на новото електрично комбе во реални услови. Новото комбе е теретна верзија на иконската такси каросерија и способна е да прими две еуро палети преку страничната лизгачка врата или задната врата која се отвора по принципот 60:40.
Максималната носивост е декларирана на 800 килограми. Двете страни се задоволни од ваквата соработка бидејќи определбата на Кралската пошта е да допринесе во очувувањето на природата и на најдобар можен начин да го намали загадувањето. Ова е стратешка определба бидејќи возилата на Кралската пошта секојдневно сообраќаат во секое ќоше на Обединетото Кралевство. Новото VN5 комбе треба комерцијално да се лансира кон крајот на годинава, а досега во тестирањата се вклучени 25 партнери. Технологијата што се употребува во производите на LEVC наречена eCity е развиена да одговори на тешките услови на исползување во неколку сектори и употреба првенствено во логистичките гранки како што се поштенските и курирските служби потоа услужните дејности како и снабдувачите со електрична енергија и со природен гас. Овие компании се избрани во следните месеци да ги доведат до крајни граници капацитетите на новото комбе за да биде комерцијалната верзија подготвена позитивно да одговори на сите предизвици во кои ќе се најде во секојдневната употреба.



