Лесно е кога се има визија
Групацијата Volkswagen оваа година на салонот на автомобилите во Женева прикажа уште еден член на своето I.D. електрично семејство
Објавено на 6 март 2018 година
После хечбекот I.D., кросоверот Crozz и миниванот Buzz, на ред беше и електричниот седан Vizzion. Но тој воопшто не е резултат на едноставното проширување на I.D. семејството. Тој е многу повеќе бидејќи е правен со чиста визија која ги надминува сите овосегашни препреки и пружа поглед кон една јасна иднина. А таа вели дека автомобилот од тоа време ќе биде седан со 5,1 метар должина, со два електромотора со вкупно 306 коњски сили и автономија која со едно полнење на батериите ќе овозможи 665 километри. Ако во тоа идно време сé уште има такви на кои битна ќе им биде максималната брзина, тогаш ќе мора да се задоволат со 180 километри на час. За сите други овој концепт на Volkswagen генерално ја најавува содржината на сите идни електрични модели на марката. Има место за четири патници, систем за целосно автоматизирано возење, како и виртуелен асистент кој ги разбира гестикулациите и гласовните команди.
До 2025-тата Volkswagen ќе претстави вкупно 20 електрични возила. Првиот сериски I.D. модел се очекува идната година.