Leon Sportstourer

Вести Новитети

Традиција и функционалност

Од првиот караван на ЅЕАТ до новиот Leon Sportstourer помина половина век

објавено 13.07.2020

Почетоците на караваните ја зборуваат прикаската за крајна рационалност. Од веќе постоечките лимузини, а под притисокот дека на семејствата им треба повеќе простор, со едноставно продолжување на покривот, монтирање странични стакла и груб поклопец со какви – такви стоп светла се родија караваните.

Тие бргу им влегоа во очи на претприемачите, трговските патници и сопствениците на мали бизниси кои не сакаа да возат комбиња а понудениот простор ги задоволуваше нивните потреби. Денеска ситуацијата е сосема поинаква. Караваните не само што се естетски одлични, тие сега станаа цел и на оние кои не припаѓаат на споменатите групи. Еден од многуте примери е новиот Leon Sportstourer чие лансирање е поклопено со 50 годишнината од појавувањето на првиот караван од Марторел, ЅЕАТ 1430. Името го добил според зафатнината на моторот, честа солуција за автомобилите од шестата и седмата декада на минатиот век. Лансиран во 1970 година овој модел изобилуваше со комфор, практичност, динамичност и последна технологија.

Сите атрибути може да се најдат во неговиот наследник опремен со најмодерната технологија на денешницата. Leon Sportstourer има верзии со погон на предните и сите тркала, во игра се чистите TDI мотори, економичните TSI бензинци, еколошките на течен природен гас, а набргу во понудата ќе се вброи умерениот и плаг ин хибриден погон. За разлика од првенецот чиј мотор имаше зафатнина од 1.430 ссм и располагаше со 70 и 75 коњи новиот Leon Sportstourer од слична зафатнина (1.490 ссм) испорачува 130 односно 150 КС! Багажниот простор има 660 литри а кабината е опремена со технологија која во времето на ЅЕАТ 1430 ниту се сонуваше како што се автономни системи за безбедност, самостојно паркирање, панорамски камери, екран во боја осетлив на допир…

Идејата и функцијата на караваните се смени. Му благодариме на Севишниот што сега тие се возила не само со функција и простор туку и возила кои се атрактивни и брзи.