Land Rover Defender – Партнер на Скопскиот џез фестивал

Водечката културна манифестација, која има извонредна репутација во Европа и светот, доби подршка од легендарниот теренец

Авантурата, слободата и истражувањето го дефинираат Land Rover Defender, а воедно и вљубениците во џезот, публика со истенчен музички вкус, која бара бегство од конвенционалното музичко секојдневие.

Во чест на смелата синергија со 43-тиот Скопски џез фестивал, за време на фестивалските денови од 17-20 октомври, пред влезот на Националната опера и балет, ќе биде изложен моделот Defender 110. Избран наменски за оваа пригода: жесток, мускулест и темен како контратежа на бруталистичките линии на објектот, креирајќи неповторливо Defender искуство во живо.

Во внатрешноста со темна премиум кожа, со панорамски покрив, и иновативен систем за звук Meridian што севкупно совршено одговара за преслушување на секоја фуриозна џез импровизација. Соработката со Скопскиот џез фестивал се наметна како природна емотивна врска. Defender ги следи принципите на модерниот луксуз и зрачи со уникатност, создавајќи доживувања кои се паметат.

Со мотото „Зграпчете го невозможното“ Defender се обраќа на авантуристичкиот дух на  својата публика. Скопскиот џез фестивал по фасцинантен 43-ти пат ќе ги собере почитувачите на еден од најслободните, најуникатните, најотмените музички правци и вонсериските светски џез уметници на едно место, па Defender ќе се најде меѓу своите, слободоумните трагачи по нови искуства.

Единствена можност да нурнат во светот на авантуристичката британска марка и во ритамот на џезот имаа сопствениците и пријателите на Defender и Аутомобили Груп, ден пред официјалниот почеток на Скопскиот џез фестивал. Настанот се одржа во меката на скопскиот модерен џез, кафулето Филхармонија, каде гостите можеа да уживаат во уникатното искуство за сите сетила.

За музичкиот перформанс беше задолжен еминентниот мултимедијален музичар Џијан Емин со The New Jazz Messengers. Секогаш трудејќи се да наметне нова звучна естетика, се претстави со авторска џез музика, носејќи ги присутните на вонсериско емотивно музичко патување. Исклучителното кулинарско доживување само ја надополни оваа магична џез приказна.

Свежи локални производи, врвно подготвени според најдобрите рецепти од светската кујна, беа послужени на уникатен начин во комбинација со најквалитетните вина на овие простори, за да комплетираат оптимални услови за размена на автентични искуства на присутните со нивниот Defender длабоко во ноќта.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER