Lancia – Ypsilon Edizione Limitata

Италијанскиот градски автомобил ќе се прероди како EВ, во ограниченото издание

По дванаесет години на пазарот, на Lancia Ypsilon ѝ е очајна потребата од редизајн. Тој конечно е најавен за февруари и тоа како што знаат Италијаните. Најавија дека ќе биде електрично возило и ќе се понуди во ограничена серија наречена Edizione Limitata Cassina. Специјалното издание засега останува сокриено и никој надвор од кругот на раководството на компанијата не знае како ќе изгледа.

Жедните за новости ќе мора да се задоволат само со фотографијата од покриениот модел во целосна големина, откривајќи ја силуетата на Ypsilon и посебната контура на хаубата, каде што се очекува да биде поставен новиот светлосен потпис. Од друга страна, краткото видео е фокусирано на „таволино“, како што Lancia го нарекува кружниот елемент помеѓу предните седишта. Во Edizione Limitata Cassina, структурата што изгледа како масичка за кафе е обложена со материјал сличен на кожа, опкружен со облога во алуминиумски стил. Специјалното издание е развиено во соработка со Cassina, италијанска компанија која е специјализирана за мебел од висока класа и веќе има работено со Lancia во концептот Pu+Ra HPE.

Ypsilon Edizione Limitata Cassina ќе биде ограничен на 1.906 нумерирани примероци, оддавајќи почит на датумот на основање на Lancia во пресрет на нејзината 117-годишнина. Повеќе од јасно е дека Lancia Ypsilon ќе ја користи платформата на Stellantis. Специјалната  едиција Cassina ќе се нуди исклучиво како ЕВ, но Ypsilon ќе има благи хибридни погонски единици. Ова значи дека моделот ќе исполни две улоги, да биде првото ЕВ на Lancia и последната понуда на мотори со внатрешно согорување пред италијанскиот бренд да стане само електричен во 2028 година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER