Lamborghini – SC20 фотогалерија

Занимливости насловна Фото

Без покрив и V12!

Squadra Corse ја завршува годинава со уште една фасцинантна изведба

објавено 18. декември 2020

За последниот производ годинава Squadra Corse и Centro Stile ги здружија силите за да задоволат нарачка на муштерија кој беше вклучен во проектот уште од првиот цртеж. Двете одделениа на ”бесниот бик” тесно соработуваа и работеа да се направи и испорача примената нарачка, која, претпоставуваме, чини едно брдо пари. Желбата беше автомобил за патека да се трансформира во хомологиран за секојдневна употреба. И во тоа е успеано во потполност. ЅС20 е инспириран од родстерите на Lamborghini Diablo VT Roadster и Aventador J, но искористени се детаљи од Veneno Roadster и Concept S. Каросеријата е изработени од јаглеродни влакна чии форми се рачно исполирани поради оптимален проток на воздухот што оди во прилог на перформансите и на ”посадата” која добива конфорно возење без покрив дури и при високи брзини. Ова е многу важно бидејќи ЅС20 нема ниту ветробранско стакло туку само дифузор што го усмерува воздухот над главите на патниците. Издадениот преден спојлер е врамен со две крилца а мускулозниот заден дел завршува со голем спојлер чија поставеност може да има три позиции. Моторот е базиран на знаменосецот, 6,5 литрениот V12 со 770 коњи и 720 Nm. Него го управува оптимизирана седум степена менувачка кутија преку која силата се пренесува на сите тркала низ централен електронски диференцијал.