Lamborghini Huracan Evo RWD Spyder (со видео) » Задоволството нема цена…

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Задоволството нема цена…

…Но ако треба да се спомене некоја бројка, таа е 175 илјади евра без даноци

Објавено на 9 мај 2020 година

После скоро два месеца пауза, Lamborghini повторно започна со производство. Во голем стил бидејќи со зборовите дека продолжуваат да ги негуваат соништата на фановите и клиентите, го претставија највозбудливиот модел. Во него нема ништо ново бидејќи се работи за Huracan во спајдер варијанта, но сега со погон само на задните тркала. Иако се чини како технички чекор наназад, токму последново е она што најсериозно ја заинтригираа јавноста. Како и не би кога сите негови 610 коњски сили трансферирани преку седумстепениот менувач целосно ја гарантираат забавата во возењето. Кога станува збор за вакви изведби перформансите малку страдаат, но она што возачот може да го извлече не се мери со бројки. Затоа и снимките што ги гледате се исполнети со многу свиоци и сончеви зраци, кои ќе стигнат до внатрешноста за само 17 секунди колку што му требаат на платнениот покрив да се отвори. За да го доживеете тоа, цената на ова задоволство изнесува 175 илјади евра без даноци.

Видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER