Lamborghini Essenza SCV12 – ограничувањата се за посебните!

Top News Видео

Разулавениот бик само за во корида

 Врз основа на Huracan  направени се измени од кои зоврива крвта!

објавено на 30.07.2020

Со лимитираната серија од само 40 примероци најновиот дериват на Lamborghini скроен е само за на тркачка патека. Тоа и не изненадува бидејќи е развиен од Lamborghini Squadra Corse, одделение задолжено за не секојдневни остварувања од и онака не секојдневниот производител на супер автомобили.

Директен потомок на Miura Jota и Diablo GTR, Essenza SCV12 е опремена со најмоќниот до сега класичен V12 развиен во Санта Агата де Болоњезе. Уште кога беше во идејна фаза овој проект е осмислен само за употреба на патека па затоа во него е содржана сиот тркачки инженеринг од арсеналот на куќата. Моторот испорачува 830 коњи, издувните цевки се дизајнирани да го растетретат притисокот на задниот дел и овозможуваат уникатен звук на моторот. Силата се менаџира преку ново развиениот X-trac секвенционален менувач со шест степени одлично сместен како структурален елемент на шасијата. Силата ја пренесува на задните тркала. Essenza SCV12 има одличен сооднос на сила и тежина од 1.66 КС/кг благодарение на новата генерација на монокок каросерија изработена од јагленородни влакна и во внатрешноста нема ролбар што е прв пример на новите регулативи за безбедност на FIA за прототипи. Истакнато е дека е посветено големо внимание на аеродинамиката која пружа помал отпор на воздухот и поголемо прилепување на каросеријата до тлото дури и од автомобилите од класата GT3. Тркачкиот календар започнува идната година на многу патеки хомологирани од FIA со степен 1. За сега се плани настап на две возила кои ќе бидат во потполност покриени од техничка екипа на спортската дивизија на Lamborghini Squadra Corse. Зад воланот ќе биде Емануел Пиро, пет пати победник на 24 часовната трка Ле Ман и фабричкиот возач Марко Мапели.

 

Видео