Lada Xray прeдвреме во пензија
Се полагаа големи надежи во Lada Xray, но…
Објавено на 15 јуни 2020 година
После само четири години во продажба, Lada размислува за пензионирање на XRay. Причината за тоа е слабата продажба, која во првите пет месеци годинава едвај стигна до 7.000 примероци. На одлуката за судбината на овој интересен кросовер ќе влијаат и промените во стратегиите на Renault кој е мнозински сопственик на AvtoVAZ. Имено иако има потенцијал за тоа, Французите не сакаат XRay да се најде на европските пазари за да не конкурира на Dacia Sandero Stepway. А тоа и ќе се случи бидејќи двата модела ја имаат истата механичка основа, а рускиот е со далеку поатрактивен дизајн. И цената би му била привлечна – основната верзија на XRay во Русија се продава за 7.000 евра. Опремена е со 1,6 литарски бензинец со 106 коњски сили, а во Cross изведбата има и Ride Select систем кој со избор на пет режими на возење го заменува погонот на сите тркала.



