Koenigsegg Jesko :: Сé е распродадено…

Сé е распродадено…

Задоцнивте – 125 среќници што имаат по три милиони евра на располагање веќе застанаа на ред за новата шведска ѕверка

Објавено на 26 март 2019 година

Во шведската мануфактура Koenigsegg не размислуваат многу за максималните брзини. Тие за нивните автомобили се нешто сосема нормално, исто како и енормниот број коњски сили. Наследникот на Agera RS кој под името Jesko кој беше претставен во Женева ги има 1.600. Тие се добиени од 5-литарски V8 мотор кој како гориво користи етанол. За нивни пренос на подлогата во Koenigsegg развија сопствен 9-степен менувач, кој овој двосед може да го дотера до 482 километри на час. Вратите и поклопците на багажникот и моторот ќе се отвораат со притисок на копче, а дисплејот на инструмент-таблата е сместен на столбот на управувачот. Во план е да се направат 125 примероци со цена од околу три милиони евра секој и за жал, сите се распродадени. Според зборовите на основачот и сопственик на компанија Кристијан вон Кенигсег 83 од нив го најдоа својот сопственик уште пред моделот да биде покажан, а останатите пламнаа за првите 5 салонски дена во Женева. Производството на Koenigsegg Jesko ќе започне при крајот на идната година и ќе се одвива со темпо од еден автомобил неделно.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER