Kodiaq Pickup :: Провокација од Škoda

Новитети Поглед во иднината

Провокација од Škoda

И годината студентите од  академијата на Škoda ќе изненадат

Објавено на 26 март 2019 година

По шести пат, младите практиканти идна надеж на Škoda ќе имаат полни раце работа подготвувајќи изненадување со кое ќе ја испровоцираат јавноста. Овој пат тема е пикап возило направено на основа на Kodiaq, во чие креирање имаат полна поддршка на тимовите за дизајн и инженеринг на чешкиот производител. На новиот проект работат 35 студенти од академијата на Škoda, кои својата замисла за уникатниот Kodiaq Pickup ќе ни ја претстават во јуни. Тој ќе има сосема поинаков заден дел каде место врати и седишта ќе се најде отворен простор за товар. Големите тркала и други дизајнерски елементи треба да ја зголемат атрактивноста на ова возило, кое има сосема мали шанси да биде трансформирано во сериски производ.

клучни зборови: ,