Kia xCeed со нови пакети опрема
Атрактивниот кросовер xCeed на Kia сега уште повеќе ќе го привлекува вниманието на нашите купувачи
Објавено на 3 март 2020 година
Откако лани гамата на Kia се прошири со новиот кросовер xCeed како четврти модел во познатото семејството на Ceed, тој веднаш го привлече вниманието на нашата публика со својот младешки остар настап. Лавината позитивни реакции ги предизвика одговорните во Kia да се обидат уште малку да ги поместат границите кај ваквите изведби возила и затоа тој сега е достапен и во нови верзии. Ова е посебно битно за нашите купувачи бидејќи xCeed од неговото пристигнување на македонскиот пазар се нудеше само во Launch Edition верзијата кај која нивото на опрема беше највисоко. Образложението за ова лежи во реакциите на публиката која го оцени малиот кросовер како екстремно возбудлив, многу сериозен играч од кого треба многу конкуренти да се пазат и да учат, врвна интерпретација на ексцентричен урбан кросовер и слично.
Токму со цел да го направи подостапен за поширок круг луѓе кои ги делат овие мислења, импортерот на марката за нашиот пазар Киа Моторс Македонија ги обезбеди новите верзии. Меѓу нив е и импресивната Vision изведбата во комбинација со 1,0 литарски турбо бензински агрегат, чија цена започнува од 18.550 евра. За повеќе детали, сепак ќе мора да се обратите директно до нив, или пак да се информирате на веб-страницата www.kia.mk.



