Едноставен живот
Во салоните на Киа Моторс Македонија пристигна новата Vision генерација 2020 година
објавено на 22 мај 2019 година
Модерното време носи многу грижи и обврски. Со цел да ни го направи животот поедноставен, барем кога изборот на нов автомобил е во прашање, Kia ја подготви Vision генерацијата 2020 година на Rio и Stonic. Тие веќе се пристигнати во продажните салони на нашиот импортер Киа Моторс Македонија и од познатите стандардни изведби се разликуваат по надграденоста на внатрешноста и надворешноста и збогатено ниво на опрема. Така градскиот кросовер во Б-сегментот Stonic во EX Vision нивото на опрема доаѓа со ЛЕД дневни и задни светла, ретровизори со ЛЕД трепкачи и електрично склопување, како и 15-инчни тркала од лесна легура. Кај Rio пак во нивото на опрема EX Vision надополнувањето на внатрешноста е потпирачот за рака на централната конзола со кутија, а на надворешноста ЛЕД дневните светла и ретровизорите со ЛЕД трепкачи и електрично склопување.
Со оваа понуда Kia уште еднаш докажа дека продолжува да биде навистина интересен и привлечен автомобилски бренд кој одговара на барањата по сечиј вкус. Со освежувањето на моделите Rio и Stonic тие не само што добија нов надворешен лик и се збогатија и во внатрешноста, туку станаа уште попривлечни и поконкурентни на македонскиот пазар. Нивната цена изнесува 11.290 евра за Rio, односно 13.490 за Stonic Vision.