Kia Sportage, генерација 2019

Kia Sportage, генерација 2019

Обновениот Kia Sportage зачекори на македонската автомобилска сцена
Објавено на 18 септември 2018 година

Кога SUV моделите се во прашање, купувачите најчесто имаат подвлечено црта под која не одат. Кога пак возилата на Kia се во прашање, таа често знае да биде променлива. Но кога Sportage е во прашање, тука нема дилема – на купувачите треба да им се понуди повеќе од она што го бараат и очекуваат, и тоа по цена која нема да ги изненади. Затоа и овој модел е толку популарен на нашиот пазар. Позициите ги стекнуваше долго време и со секоја нова генерација ги потврдуваше и надградуваше. Често дури не се ни чека на нова генерација, како што е случај сега, со пристигнувањето на обновениот модел за 2019 година. Тој е со освежен и помодерен изглед, со побогата опрема и нови технологии. Единственото што е задржано е нивото на цените, барем кај основниот модел со 1,6 литарски бензински мотор со 132 коњски сили и Vision опременост кој чини 16.950 евра. Оние што бараат повеќе ќе ги заинтересира Advance пакетот, но и помоќниот бензински мотор со 177 KS и дизелите со 136 и 185 коњи. За љубителите на природата Sportage во повеќето изведби е достапен со погон на сите четири тркала, а одредени мотори можат да се искомбинираат и со 7-степен автоматизиран или 8-степен автоматски менувач.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER