Kia HabaNiro :: Окупација на иднината

Окупација на иднината

Иако Киа Моторс Америка на салонот во Њујорк го стави акцентот на атрактивната GTS изведба на Stinger, вниманието на публиката го привлекуваше новиот концепт HabaNiro

објавено на 24 април 2019 година

Концептот HabaNiro на Kia веќе со своето име ја најавува новата генерација на Niro, која се очекува во 2021 година. Ако биде таква каква што беше прикажана на салонот на автомобилите во Њујорк, ќе се одликува со доста напредни и интересни дизајнерски решенија. Но тоа сепак нема да бидат нејзините најсилни адути, туку погонските системи на кои ќе им се приклучи и автономното возење од 5-то ниво. За нив и за сите напредни технологии засега се зборува во претпоставено идно време. Она што не треба да се претпоставува е должината од 4,4 метри и за влакно поголемиот простор во внатрешноста. Доколку сé биде како треба, серискиот модел што ќе произлезе од Kia HabaNiro ќе има електричен погон на сите четири тркала. Капацитетот на батериите и автономијата не се наведуваат, но секако додека овој модел се појави на пазарот многу работи ќе се сменат.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER