KIA EV9 GT – Погон на сите тркала и два мотори

За третиот квартал на идната година KIA го најавува моќниот EV9 GT

и моќност од 374 kW (508 КС) во третиот квартал од следната година. Електричниот кросовер со седум седишта веќе е присутен на европскиот пазар. Кореанците не се задоволуваат со тоа и ја најавија GT изведбата со 508 КС.

Таа ќе има два електро-мотори, погон на сите тркала и ќе забрзува од нула до 100 км/ч за 4,6 секунди. Со поголемиот пакет на батерии таа треба да има автономија од околу 450 километри. За прв пат во модел од марката, електронската контрола на амортизерите е поддржана од „Систем за преглед на патишта“, кој користи софистицирани сензори и предната камера за да ја анализира површината на патот пред возилото и да ги оптимизира амортизерите.

Возилото има и дополнителни режими на возење аа терен и спортски седишта. Специјалниот GT режим за максимални перформанси може да се активира со неонско зелено копче на воланот. Нема податоци за цената, но треба покрај врвната опрема, да има и адекватна цена. Ние го возевме EV9 во „цивилното издание KIA EV9 AWD GT-Line со 385 коњи. Можете да го прочитате ексклузивниот тест објавен порано на следниот линк.

Ексклузивно : Возевме – KIA EV9 AWD GT-Line

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER