KIA EV9 – Можно ли е да ги изненади конкурентите?

Финални технички тестирања на знаменосецот

Идната година закажана е премиерата на моделот EV9 кој нема да биде само уште еден БЕВ туку ја превзема улогата на предводник на електричните модели на производителот и, како што најавуваат, тој ќе направи револуција во сегментот на големите електрични спортско-корисни модели и ќе ја забрза трансформацијата на брендот. Развиен е во период од 44 месеци, за да постави нови стандарди во дизајнот, перформансите, автономијата, динамиката на возење, технологијата и удобноста. Сите овие зададени кондиционали во периодов се доведува до границите на издржливоста во глобалниот центар за развој Намјанг на Kia во Кореја.


За време на оваа последна фаза на тестирање, EV9 немилосрдно се подложува на  исцрпувачка програма за верификација на способностите на погонот на сите четири тркала и возење во длабока вода за да се обезбеди максимум доверливост дури и во најпредизвикувачките услови. Во истото време, непростливата калдрма, која ги симулира условите на лошо одржувана патна инфраструктура, им овозможува на инженерите на KIA да ги подвргнат на најстрого искушение удобноста на возењето и квалитетот на градбата. Покрај програмата за тестирање во центарот за истражување и развој Намјанг,  EV9 ке биде тестиран и на различни локаци низ целиот свет.

Со новиот дизајнерски јазик, серискиот модел EV9 ќе го претставува врвот на она што KIA ќе може да го даде во категоријата на спортско-корисни возила. Развиен е на напредната електрична глобална модуларна платформа (E-GMP) со која компанијата влегува во нова ера во софистицирана, високо-технолошка,  мобилност. Во првата четвртина од 2023 година ке започне продажбата на EV9 која ке ги следи стапките на нејзиниот претходник EV6, кој собра бројни признанија, вклучувајќи ја и високо престижна титула за европски автомобил на годината за 2022 година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER