KIA EV9 – Женското жири на колена

Светското женско жири за избор на автомобил на годината WWCOTY, составено исклучиво од припаднички од понежниот пол, ја избра KIA EV9 за годинешен победник

И жените избраа автомобил на годината. Жирито составено од 75 новинарки од 52 земји од цел свет одлучи дека најдобар автомобил за 2024 година е Kia EV9. Во изборот учествуваа вкупно 63 модели од кои по првиот круг гласање беа избрани победниците по категории, а носителот на титулата потоа се бира од нив. Така според критериумите за изборот кои освен вообичаените ги вклучуваат уште и леснотијата за возење и функционалноста, најмногу гласови освои корејскиот електричен кросовер. Тој во финалето ги победи Volvo EX30 кој беше прогласен за најдобар семеен модел, BMW серија 5 како најдобар голем автомобил, Volkswagen Amarok најдобар пикап и Aston Martin DB12 кој победи во премиум категоријата.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER