Kia :: Летно освежување

Новитети Поглед во иднината

Летно освежување

Со пар скици, Kia го најави новиот мал SUV наменет за глобалниот пазар кој треба да се појави летово

објавено на 14 мај 2019 година

Глобалната побарувачка за SUV-моделите расте, а со тоа и нивниот број. Kia е еден од производителите кои се доста активни и отсекогаш присутни во овој сегмент и колку и да помислиме дека гамата е комплетна, секогаш се појавува нешто ново. Така ќе биде и летово, кога е во план претставување на мал SUV кој ќе биде наменет за милениумците. Дизајнерски ќе биде инспириран од SP Signature концептот претставен во Индија пред некој месец. Напред се забележуваат пар остри светла кои се претопуваат во маската, а карактеристичните вертикални дневни ЛЕД светла се вкомпонирани во ќошињата на браникот. Со погледот на задниот дел доминираат грубиот браник, двете агресивни издувни цевки и провокативно обликуваните светла.  Силуетата не е позната, ниту пак техничките детали. Првенствено ќе биде наменет за урбана употреба, со благи теренски својства, но веројатноста да има погон на сите тркала е мала.

Во продажба ќе се најде во втората половина од годинава, најпрво во Кореја а потоа и во останатите региони од светот.

клучни зборови: