Како Ferrari заработува по 69.000 евра од автомобил?!

Како Ferrari заработува по 69.000 евра од автомобил?!

Ferrari најави нов модел за 17-ти септември
Објавено на 9 август 2018 година

Во момент кога низ светот кружи веста дека Ferrari од секој автомобил заработува по 69.000 евра, од Маранело пристигна најава за нов модел, кој премиерата треба да ја има на 17 септември. Засега е познато дека се развива под кодната ознака F176, а од најавната скица се гледа дека ќе има екстремно мало ветробранско стакло што води кон претпоставка дека станува збор за некој вид на спидстер. Тоа некако природно се надоврзува на претходните гласини во кои се споменуваше специјална верзија на 812 Superfast со ознака Monza, но тука завршува сé што се има слушнато за него. Јасно е дека новиот мистериозен модел ќе биде направен во ограничени количини кои сигурно веќе се распродадени.

Ако се навратиме на стандардниот 812 Superfast, тој е задвижуван од 6,5 литарски V12 со 800 KS, бројка која најверојатно ќе се порасне. Ќе порасне и неговата цена, која и онака не е мала – 299.088 евра во Италија. Но најинтересниот факт кој од Ferrari не сакаат да го коментираат е дека никој не плаќа само толку за него – според неофицијални извори купувачите на оваа ѕверка во просек се одлучуваат за опции чија цена се искачува блиску до шест цифри. Така, воопшто не нé чуди што Ferrari заработува 69.000 евра од секој автомобил.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER