Сите корисници на телекомуникацискиот оператор МТЕЛ ќе можат да го регулираат паркирањето на комерцијалните зонски паркиралишта кои ги стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар.
Директорите на ЈП Паркинзи на Општина Центар и телекомуникациската компанија МТЕЛ, Душко Коцевски и Марко Лопичиќ, на денешната работна средба потпишаа договор преку кој се овозможува наплата на паркинг услугите со СМС пораки на бројот 141414. Воведувањето на мобилниот оператор МТЕЛ за наплата на паркинг со СМС освен постојните оператори, ќе овозможи поголема флексибилност и ефикасност за корисниците на паркинг услугите на ЈП ПОЦ. Оваа соработка ја потврдува посветеноста и на двете компании кон воведување на современи и кориснички ориентирани услуги за граѓаните, но и воспоставување на долгорочно партнество со цел задоволување на потребите на корисниците.