Jeep – Wrangler 4xe

насловна Новитети

Коцката е фрлена!

Легендарниот теренец сега ќе носи и батерии

објавено 20. мај 2021

Робусниот и иконски Wrangler со новиот изглед носи економичност и го зголемува еколошкиот отпечаток врз природата каде владее. Сега него нема намќоресто да го гледаат заштитниците на човековата околина ниту во градовите каде ќе може без грам штетни гасови да крстари низ улиците околу 53 километри. Благодарение на плагин хибридниот погон тој ќе ги задржи атлетските перформанси и, воедно, стана најсилниот сериски Јеер што се продава во Европа. Тоа го потврдуваат неговите 380 коњи добиени од комбинацијата на дволитрениот турбо-бензински агрегат вкомпониран со два електромотори. Наспроти големата тежина и забрзувањето од 0 до 100 км/ч за 6,4 секунди, декларираната потрошувачка според специјалниот циклус на мерење за ваков тип возила е 3,5 литри на 100 километри. Wrangler 4xe дебитира со изведбата First Edition, но ќе може да се нарача и во останатите верзии Unlimited, Sahara, Rubicon и 80th Anniversary. Нема точна информација кога и по која цена ќе пристигне кај нас, но во земјите на ЕУ цените започнуваат од околу 65.500 евра.