Jaguar Land Rover – Нова глобална стратегија

Reimagine!

Новиот главен извршен директор Тиери Болоре го објави својот план

објавено 16. февруари 2021

Замисли повторно! Тоа е пораката со која се донесени нови одредници за иднината на британскиот JLR. Во срцето на неговиот план Reimagine ќе биде електрификацијата на брендовите Land Rover и Jaguar на одделни архитектури со две јасни, уникатни карактеристики. Во Land Rover, возилото и возачот ги обединува авантурата. Со отворање нови терени и соочување со нови предизвици  Land Rover навистина им помага на луѓето да одат над своите очекувања. Во следните пет години, Land Rover ќе претстави шест потполно електрични верзии бидејќи сака да продолжи да биде светски лидер на луксузни теренци преку своите три семејства Range Rover, Discovery и Defender. Првата целосно електрична варијанта ќе пристигне во 2024 година. До средината на деценијата Jaguar ќе претрпи ренесанса за да се појави како чиста електрична луксузна марка со драматично убаво ново портфолио на емотивно привлечни дизајни и пионерски технологии од следната генерација. Марката ќе продолжи со создавање на драматично убави автомобилски искуства што ги оставаат своите клиенти да се чувствуваат уникатно и наградено. Jaguar и Land Rover ќе понудат чиста електрична енергија до 2030 година. До тоа време, покрај 100% од продажбата на Jaguar, се предвидува дека околу 60% од продадените Land Rover  ќе бидат опремени со нула погонски агрегати. Првиот човек на компанијата Тиери Болоре во оваа пригода изјави ”Нашата сегашна гама на модели опфаќа целосно електрични, plug-in хибридни и благо-хибридни возила, како и најновите дизел и бензински мотори. Нашите возила се барани низ целиот свет и во 2020 година продадовме 425.974 возила во 127 земји. Land Rover е глобален лидер на луксузни теренци преку своите три семејства Range Rover, Discovery и Defender. Jaguar е првата марка досега што нуди премиум SUV со електрична изведба, Jaguar I-PACE.” Во срцето Jaguar Land Rover е британска компанија, со двa големи центри за дизајн и инженерство, три капацитети за производство на возила, Центар за производство на мотори и Центар за составување батерии во Велика Британија. Исто така, има погони за возила во Кина, Бразил, Индија, Австрија и Словачка. Три од седумте технолошки центри се во Велика Британија и тоа во  Манчестер, Ворвик и Лондон како и со дополнителни одделенија во Ирска, САД, Унгарија и Кина. Со тоа се гледа дека централно значење за новата стратегија Reimagine е електрификацијата. Ова го означува почетокот на патувањето да стане нулта јаглерод компанијата низ нејзиниот синџир на снабдување, производи и операции до 2039 година.

 

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER