Jaguar Land Rover – премиум интериер од одпад

Top News Занимливости

Со ECONYL во заштита на природата

Отпадната пластика ќе се користи за премиум материјали

објавено 14 октомври 2020

Подовите и тапацирите на следната генерација модели на Jaguar и Land Rover ќе се изработуваат од ECONYL материјал добиен од рециклирање. Репроматеријалите за негово производство воглавно се од пластичен отпад изваден од океаните, остатоци од текстилната индустрија, рибарски мрежи итн. Ова е завет да се направат луксузни интериери со употреба на рециклирани материјали, филозофија која е дел од мисијата на Jaguar Land Rover наречена Destination Zero со која преку иновации се помага околината да биде побезбедна и почиста. Регенерираниот најлон ECONYL е креиран од водечкиот светски креатор на синтетички влакна Aquafil кој веќе го аплицирал овој материјал во високата мода, спортската облека, ранци чанти и ремчиња за луксузни часовници. Најлонскиот отпад Aquafil го собира од целиот свет. За една година, компанијата рециклира дури 40.000 тони отпад, со процесот на рециклирање да се намали влијанието на најлонот врз глобалното затоплување за 90 проценти во споредба со материјалот произведен од нафта. На секои 10.000 тони произведена суровина ECONYL, се заштедуваат 70.000 барели сурова нафта и се избегнуваат 65.100 тони еквивалентни на емисии на јаглерод. Во најсовремените центри за третман, отпадот се анализира, третира и се подготвува да се преработи во хемиска фабрика, каде што најлонскиот отпад се распаѓа на неговата оригинална суровина со употреба на процес на хемиско третирање, познат како деполимеризација. Суровиот најлонски материјал потоа се претвора во предиво, познато како ECONYL. Во текот на целиот процес, другите нуспроизводи како што се не-најлон, метални материјали или бакар сулфат кој се користи за спречување на растењето морска трева на рибарски мрежи, се отстрануваат и се испраќаат во алтернативните индустрии за рециклирање. Во моментов, Land Rover нуди врвен текстилен ентериер Еукалиптус на Range Rover Evoque, додека Range Rover и целосно електричниот Jaguar I-PACE имаат корист од опционалниот висококвалитетен материјал Kvadrat  кој комбинира волна со ткаенина од велур изработена од 53 рециклирани пластични шишиња по возило.