Наследство за генерациите што доаѓаат
Jaguar во Британската библиотека ќе го зачува звучниот запис на V8 моторот на F-Type за идните генерации да можат да го доживеат
Од 2025-тата секој нов модел на Jaguar ќе биде електричен. Но иако тоа се добри вести, некои ќе бидат разочарани со умирањето на моторите со внатрешно согорување – идните генерации можеби нема да можат лично да слушнат како звучат. Имајќи го тоа на ум, Jaguar одличи во Британската библиотека да го архивира чува звукот на петлитарскиот V8 од F-Type за и идните генерации да можат да уживаат во опојните ноти да издувните гасови на последниот модел на марката со бензински мотор. Звучните записи при забрзување и промена на степените на пренос се снимени во инженерскиот центар во Гајдон, во истиот објект во кој изворно е дотеруван звукот на издувниот систем на автомобилот. За да се постигне тоа, на инженерите им требаа повеќе од 85 итерации. Слушнете како звучи возбудувањето.


