Европа е нашиот фокус, и ќе направиме се што е потребно да го оправдаме нашето присуство. Од квалитетот, преку изборот на енергетски платформи до локални добавувачи
Меѓународниот саем за автомобили во Женева годинава беше бледа сенка од претходните изданија, но ние го искористивме да поразговараме со врвни луѓе од автомобилската индустрија кои беа таму присутни. Серијата интервјуа ги започнуваме со првиот човек на најголемиот производител на „возила на нова енергија“, кинескиот BYD, господинот Мајкл Шу.
Мајкл Шу:
Ви благодарам многу на вашиот интерес. И самите знаете дека ова е втор пат BYD да се приклучи на саемот за автомобили во Женева. Тука ја презентираме технологијата DM-i. Впрочем, тоа е четврта генерација на нашата технологија на приклучни хибриди и таа ќе стане број еден по продажба ширум светот. Значи, ја носиме најдобрата технологија. Инсистираме да инвестираме, да продолжиме да инвестираме и да го произведуваме најдобриот производ.
АУТОБЕСТ:
Која е предноста на вашата технологија?
Мајкл Шу:
Мислите за DM-i (Dual Motor- inteligence) технологијата? Па, предноста е што знам дека сите вие, почитувани и уважени членови на АУТОБЕСТ жирито доаѓате од различни области на Европа. И некои од тие области имаат многу добар систем за полнење, но не сите од нив. Оваа технологија може да му донесе искуство на купувачот многу блиско до искуството што го дава БЕВ. Ова е многу важна технологија и чекор кон транзицијата. Да, тоа е најдоброто решение во споредба со БЕВ. Значи, BYD е паметен, а ние ги имаме двете технологии. Имаме Е платформа 3.0 која ја користи Делфин, автомобил што го препознавте дека е она што му треба на европскиот пазар. Таа платформа ја лансиравме пред три години. Во исто време, ние ја нудиме напредната технологија PHEV и исто така сме многу успешни на таа страна. Ова е технологија и производ што е фундаментална, што е основна вредност на BYD.
АУТОБЕСТ:
Како гледате на Европа, што очекувате од овој пазар?
Мајкл Шу:
Ние многу ја почитуваме Европа и на неа гледаме како на стратешки пазар за BYD. Стратегијата ја поставуваме врз база на локализација. Како тоа ќе го направиме во Европа? Прво, треба да размислиме за производство. Така, донесовме одлука да ја изградиме првата фабрика во Европа, во Унгарија. Да. Тоа е совршено место за изградба на врвна фабрика бидејќи нејзината позиција е одлична и достапна. Второ, ќе се посветиме на луѓето, на клиентите, за да им се приближиме. Ние сме официјалниот партнер на Евро 2024. Фудбалот е најважниот спорт во Европа. Сите сакаат да гледаат фудбал. Оваа година првенството ќе биде во Германија. Тоа е одлична шанса BYD да се приближи до клиентите. И третиот. Мора максимално да го искористиме екосистемот овде. Ние ги почитуваме медиумите, печатот на автомобилската индустрија како што сте вие момци. И ако побарувачката на клиентите се движи кон БЕВ или PHEV, ние сме тука за да го обезбедиме тоа на клиентите. Така, ние потпишавме договор со повеќе од 50 дилерски групи во Европа и ги имаме да бидат дел од бизнисот за да му помогнеме на BYD да ги испорача услугите кои ние ги ветуваме и да помогне на транзицијата на нови енергии. И дозволете да се навратам на Унгарија… Таму ќе внесеме поголем синџир на снабдување. Ние ќе одржиме конференција за снабдување многу наскоро. Конференција за локално снабдување. Дури и сега користиме многу добавувачи од Европа и во нашата листа на добавувачи, многу од нив се француски, германски. Но, ни треба повеќе. Да, ние ќе користиме се повеќе и повеќе локално снабдување. И, исто така, во нашиот тим треба барем половината од нашите вработени да бидат од локални ресурси. Така се трудиме со BYD да ја испорачаме напредната технологија и одличниот производ, но тој да биде локален и што е можно поблиску до нашите клиенти.
АУТОБЕСТ:
Што ќе правите со производството на батериите?
Mајкл Шу:
Ние имаме одлични батерии, а веќе изградивме линија за склопување батерии во Кина. Да, тие фабрики за батерии ги обезбедуваат потребите во европски земји и може многу лесно да се испорачаат.АУТОБЕСТ: Кога ќе биде завршена фабриката во Унгарија?Мајкл Шу:Нашата цел е пред крајот на следната година. Мора да бидеме брзи. АУТОБЕСТ: Можете ли да откриете кои производи, кои модели ќе се произведуваат во таа фабрика?Мајкл Шу: Имаме повеќе модели. Дефинитивно тоа ќе биде Делфин. Се разбира, ќе ги произведеме и другите три адути и моделот Seal. Да. Сите модели што ќе ги пласираме во Европа ќе ги произведуваме во таа фабрика.АУТОБЕСТ: Можете ли да кажете нешто за тоа колку сте задоволни со начинот на кој се одвива пласманот на BYD, како е вашиот раст и што очекувате во иднина?Мајкл Шу:Моментално сме сè уште многу млади. Ние сме присутни во Европа од крајот на 2022 година, помалку од 18 месеци. На некои пазари сè уште се обидуваме да комуницираме и да ја споделиме нашата визија. Во некои области, веќе имаме удел на пазарот од околу 5% во некои сегменти. Мислиме дека тоа е добра приказна. Многу е тешко да се каже колку можеме да постигнеме во Европа, тешко е да се каже тоа, но се трудиме да им служиме на нашите клиенти во различни земји, дури и во Германија. Југот и северот на континентот, тоа е голема разлика. Така да, немаме точен број и цел, но се трудиме максимално да го претставиме нашиот бренд на пазарот.
АУТОБЕСТ:
Дали очекувате Европската Унија да почне на некој начин да го запира кинескиот увоз?Мајкл Шу: Ние ќе произведуваме во Унгарија.АУТОБЕСТ: Чекорите се следни… Мотор со внатрешно согорување, хибрид, приклучен хибрид и батериски електрични возила. Во моментов, повторно се враќате еден чекор подолу за да ги вклучите приклучните хибридни. Како го коментирате ова? Зошто?
Мајкл Шу:
Всушност, ако се вратите пред 16 години, ги пуштивме во продажба двата автомобили. Едниот е E6, другиот е F3 DM-i (Dual Motor-inteligence). Ние сме многу успешни. Тоа е DM-i технологија. Тоа е EВ или не е. Не може да се каже дека не е, бидејќи 90% од сценариото е БЕВ. Тоа е многу подобро од автомобилите само со мотори на внатрешно согорување. Тоа е 90% подобро од гледна точка на загадувањето и применливоста.
Ние навистина мислиме дека тоа е добра технологија бидејќи ќе потрае подолго време. Ако користите БЕВ, за имплементација, можеби ќе бидат потребни 15 години. Но, ако користиме PHEV, веројатно ќе ни одземе половина од времето за да ја завршиме транзицијата. И ние не бираме. Луѓето избираат. Ние нудиме, купувачот избира. И што сакате, можете да изберете. Можете да изберете чисто БЕВ, можете да изберете приклучен хибрид кој ќе има различна конфигурација и големина на батеријата. Можете да поминете 150 километри на струја. Потрошувачката на енергија е прилично мала. И така, некои наши колеги во BYD, многу од нив возат PHEV, но го полнат бензинскиот резервоар само двапати годишно. Можете ли да го замислите тоа?
АУТОБЕСТ:
Но, тие се приклучуваат во штекер за да ја полнат батеријата и да возат на струја?Мајкл ШуДа, секој ден. Затоа што дома и во општеството обезбедуваме таква услуга. Само се вклучувате и така заштедувате многу од трошоците.
Значи, тоа е добар концепт и добра технологија. Ние им обезбедуваме на клиентите поширок опсег на избор.
АУТОБЕСТ:
Создавате забележителен однос помеѓу BYD и Toyota. Дали планирате да ја користите и докажаната хибридна технологија на Тоyота за вашите автомобили?
Мајкл Шу:
Досега, ние, немаме самополнечки хибрид, но ќе се фокусираме да ги направиме карактеристиките.
АУТОБЕСТ:
Дали сте подготвени за најголемата прослава на BYD оваа година во Европа, во Луксембург, на 23 мај? За Галата на АУТОБЕСТ, BYD Delphin е победникот.
Мајкл Шу:
Секако. Очекувајте и јас да бидам таму. Ние со нетрпение ја очекуваме вашата гала вечер.