IAA Mobility 2023, втор дел – Останати производители (фото галерија)

Бледа сенка со нови нијанси

Освен кинеските, негермански производители во Минхен скоро и да немаше

IAA салонот во Франкфурт не можеше да се дооди, толку беше голем. Овој сегашниот во Минхен е уште поголем, ама затоа што се одржува низ цел град. Но ако се погледне листата негермански изложувачи, таа е кратка, да не беа Кинезите пократка не можеше да биде. Што освен бледа сенка со нови нијанси да се каже за манифестација на која само Renault и Tesla се позначајни имиња во светот на автомобилите?! Од нив вистинска премиера имаа само Французите кои ја покажаа новата кросоверска и електрична генерација на Scenic, додека Илон Маск да ја претставува компанијата ја испрати освежената верзија на Model 3, која патем кажано се произведува во Кина.

Затоа кинески производители кои дојдоа организирано, имаше во сериозен број. Меѓу нив некои, како на пример Xpeng, BYD или Seres, иако засега во скромни рамки, веќе се присутни во Европа. За други како Dongfeng, Leapmotors и Avatr сме слушнале дека доаѓаат, а за некои воопшто не сме ни слушнале дека постојат. Ама затоа нема да помине којзнае колку време и многу ќе слушаме за сите нив и од нив.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER