Volkswagen започна со редефинирањето на електричната гама
Време е за промени, не само во означувањето – така најдобро може да се опише пораката што Volkswagen од Минхен ја праќа со концептот ID.Cross. Замислен е како електрична алтернатива на T-Cross и го краси модерен изглед со кој се најавува ново стилско изразување кое ќе биде применето на сите идни модели. Дизајнот му е чист и јасен и се надоврзува на веќе видените концепти. Обликуван е со акцент на позитивниот карактер, при што светлосниот потпис напред треба да долови впечаток на насмевка. Делумно може да се забележи и дека дизајнерите кај некои детали се имаат инспирирано од историските модели на марката.
Иако со компактни надворешни димензии – должина од 4.161, широчина 1.839 и височина 1.588 mm, Volkswagen ID.Cross има неочекувано пространа кабина, малку заради меѓуоскиното растојание од 2.601 милиметар, повеќе благодарение на MEB+ платформата. Во багажникот му собира 450 литри а под предниот поклопец ќе можат да се сместат уште 25. Во внатрешноста која е едноставно уредена доминантна позиција имаат два екрани, централниот од 13 и оној пред возачот од 11 инчи. За погон ќе биде задолжен еден електромотор од 211 коњи сместен напред со кој ќе постигнува максимални 175 km/h, додека батериите ќе бидат способни да му овозможат непрекинато патување од 420 km.
Сериската верзија ќе биде преставена во текот на летото наредната година, а за цените засега нема ниту збор.

























