IAA 2025 – Togg T10F и T10X (видео)

Турците започнаа со освојување на Европа

Од каде ако не од Германија – прва станица им е Минхен каде на публиката ги претставија своите електрични модели. Првиот од нив, кросоверот T10X веќе е добро познат – за него се знае сé, дека има 218 или 435 коњски сили, автономија меѓу 314 и 523 километри и цена од 41.600 евра, а испораките ќе започнат од идната година.

Седанот T10F, пак, е сосема нов и тука ја имаше својата светска премиера како сериски модел. Ја има истата механика како и кросоверот но автономијата кај него се искачува до 623 километри. Заслужна за тоа е и аеродинамиката бидејќи Pininfarina како негов дизајнер успеа да му обезбеди облик со коефициент на отпорот на воздухот од само 0,24. Во верзијата со два електромотора и погон на сите тркала ќе биде способен да забрза до 100 километри на час за 4,1 секунда. Цената засега не му се знае.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER