Ново патување кон иднината
Откако се покажа како вистински потегот за одвојување на Cupra од основната гама на Seat, шпанскиот производител започна ново патување кон иднината. Овојпат пожестоко како што покажува името на најновиот модел претставен како концепт во Минхен. Зборуваме за Tindaya која називот го има добиено по вулканската планина на Канарите која за локалното население важи за свето место.
На овој начин навистина живописно опишан, агресивниот SUV го отсликува идното дизајнерско изразување на марката кое ќе биде пренесено и на другите модели. Со должината од 4,7 метри тој треба да застане при врвот на понудата кој ќе го чува со изборот погонски агрегати – бензински, дизел, хибридни и плаг-ин, со моќност и до 500 коњски сили. Предниот дел стилски обликуван како нос на ајкула има осветлено лого и уникатна црна маска на долниот дел. Облините изобилуваат со триаголни акценти а тенките столбови на покривот кој има структурен ‘рбет во форма на буквата Y и два отстранливи панели му даваат пливачки ефект. Тркалата се огромни а внатрешноста барем во сегашната концепт форма изразено спортска, со максимален фокус на возачот.
Настапот во Минхен истовремено беше искористен и за покажување на претсериската изведба на електричниот Raval, чие производство треба да започна идната година. Како што знаеме уште од времето кога беше најавен како Urbanrebel ќе има електричен погон и треба да чини околу 25.000 евра.