IAA 2025 – BMW iX3 (видео, фото-галерија)

Ова е само почеток

Прошетката низ годинешниот салон на автомобилите во Минхен ќе ја започнеме со најголемиот новитет – Neue Klasse семејството на BMW претставувано низ првиот негов член, кросоверот iX3. Премиерата ја имаше пред некој ден така што за него практично сé се знае. А тоа во најмала рака, фасцинира.

Настапувајќи како најважен модел на марката слободно можеме да кажеме во последните неколку децении, iX3 е силен адут кој ќе ја поведе во пресвртница, исто како што тоа го стори неговиот истоименик во шеесеттите години од минатиот век. Со него BMW создава нова иднина, ново лице кое ќе владее низ целата нејзина гама бидејќи тој е само почеток.

Платформата е од нула направена да биде електрична и овој модел нема никакви допирни точки со X3 кој ќе продолжи паралелно да егзистира. Архитектурата на 800 волти овозможува исклучително брзо полнење со моќност до 400 kW. Во пракса тоа значи дека за 10 минути ќе се повлече струја за поминување 372 километри, а капацитетот на батериите од 10 до 80 отсто ќе се достигне за само 21 минута.

Електромоторите од сопствен развој се за 40 отсто поефикасни од претходните, за 10 отсто полесни и за 20 отсто поевтини за производство. Батериите пак кои обезбедуваат автономија до 805 километри имаат за 20 отсто поголема енергетска густина а целиот систем овозможува двонасочно полнење. Максималните 469 коњски сили ќе го забрзаат до 100 km/h за само 4,9 секунди достигнувајќи најголеми 210 km/h.

За старт на купувачите на располагање ќе им биде во 50 xDrive верзијата по цена во Германија од 68.900 евра. Како што знаеме, ќе се произведува во новите погони на компанијата во Унгарија, а продажбата ќе му започне напролет.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER