IAA 2021 » Место Франкфурт, Минхен

Top News Занимливости Салони

Место Франкфурт, Минхен

Германската асоцијација на автопроизводители го избра новиот домаќин на салонот на автомобилите

Објавено на 5 март 2020 година

После седум децении, Франкфурт ја препушти организацијата на меѓународниот салон на автомобили на друг град – за нов домаќин на IAA германската асоцијација на автопроизводители го избра Минхен. Баварската престолнина со своите идеи за тоа како треба да изгледа еден салон на автомобилите во иднина во финална рунда ги победи Берлин и Хамбург. Заедно со Франкфурт, од трката претходно отпаднаа уште Келн, Штутгарт и Хановер. За одлуката VDA да го смени местото на најважниот автомобилски есенски настан кој се одржува секоја непарна година придонесоа новите трендови и опаѓањето на посетеноста и генерално јавниот интерес. Според нив селењето во Минхен ќе претставува фундаментална промена во организацијата на салонот и ќе придонесе тој наново да заживее како треба. За тоа ќе помогнат идеите кои Германците ги опишуваат како интелигентен сообраќаен концепт, иновативно вмрежување на начинот на превоз и негово насочување кон одржливоста потребите на луѓето. VDA наведува уште и дека инфраструктурата на Минхен и локацијата каде ќе се одржува салонот дозволуваат изложбата да се пренесе и на улиците на градот. Точниот датум за негово одржување не е објавен.

 

клучни зборови: