Hyundai Prophecy » Пророштвото за иднината

Пророштвото за иднината

Името Prophecy ја одразува целта на концептот бидејќи означува светла иднина како за дизајнот на моделите на Hyundai, така и за иновативните решенија на мобилноста на идните корисници на електрични возила

Објавено на 7 април 2020 година

Знаејќи дека не ни кажаа сé на неговата виртуелна презентација, за да се не чувствуваат должи Hyundai објави повеќе детали за концептот на иднината Prophecy. Акцентот беше ставен на дизајнот, кој лично го образложи неговиот креатор Лук Донкерволке. Со импресивноста што ја остава уште при првиот поглед, овој концепт на Hyundai делува како пророштвото за иднината. Безвременскиот дизајн на утрешнината вешто е измешан со класични автомобилски линии инспирирани со стилската филозофија на компанијата. Складноста на пропорциите и скромноста на деталите се фокусира на емоционалната врска меѓу луѓето и автомобилот. Растегнатото меѓуоскино растојание и кратките превиси создаваат течна силуета дефинирана со нечепнати површини. Хармонијата на естетиката ја дополнуваат чистата и аеродинамична форма на која се истакнуваат светлата со прогресивна технологија. Посебно се обликувани и тркалата во облик на пропелер кои го насочуваат текот на воздухот. Интегрираниот заден спојлер го дополнува овој ефект така што ја искористува силата која помага за стабилност на возилото при поголеми брзини.

Практичноста во внатрешноста нема отстапено пред новите технологии со кои би била во природна рамнотежа да не е префутуристичкиот начин на управување. Но токму заради нив таа располага со голема просторност, а зголемена е и безбедноста при патувањата. Седењето е поергономично, при што патниците можат да уживаат во возењето повеќе навалени наназад отколку што е вообичаено. Возачот има пристап до функциите на автомобилот кои се бираат со помош на интегрираните копчиња на управувачката палка. Целокупниот дизајн на кабината го следи екстериерот и делува доста продолжено. Атмосферата во внатрешноста на Prophecy ја заокружуваат изборот на природни материјали и бои и амбиенталното осветлување.

Освен дизајнерските насоки за иднината, со овој модел Hyundai го најавува и претстојното интензивирање на електрификацијата. Со помош на 50 милијарди евра инвестиции, гамата на корејскиот производител до 2025 година ќе биде проширена за 44 вакви возила. Очекувањата се нивната продажба тогаш да достигне до 670.000 примероци годишно, кои би го сместиле Hyundai меѓу првите три најголеми светски производители на електрични возила во светот.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER