Hyundai – пријателски роботи наместо лути продавачи

насловна Поглед во иднината

Дали продавачите на возила ќе станат вишок?

Азијците сакаат хуманоидни роботи

објавено 27. јануари 2021

По Honda Asimo и Toyota Kirobo, Hyundai го претстави и својот прв андроид со пропорции слични на дете. DAL-e е името на момчето кое е само 1,16 метри високо и користи интелигентни способности за препознавање и функции на мобилност за да комуницира независно со луѓето и да се користи како автоматска услуга за клиенти. Ова ќе им дојде како кец на десетка на дилерите бидејќи ќе можат да заштедат на вработувања и сите главоболки што одат со нив. DAL-e е акроним и се залага за „Drive you, Assist you, Link with you- experience “. За таа цел, роботот е опремен со вештачка интелигенција за препознавање на лицa и има систем за автоматска комуникација заснована на платформа за препознавање на говор. Целта е да се овозможи DAL-e да комуницира со нашите клиенти на забавен начин и да им понудиме корисни услуги, вели Донг Џин Хјун, потпретседател и раководител на лабораторијата за роботика на групацијата Hyundai за возила. Покрај тоа, хуманоидниот робот има различни надворешни карактеристики со цел клиентите да бидат прифатени како пријателски и емотивни. На овој начин тој може да спроведе автоматски дијалог со клиентите преку обезбедување на корисни информации за производите и услугите и реакција на вербалните или екранските команди на допир. Со помош на своите четири слободно подвижни тркала, DAL-e исто така може да ги придружува клиентите до одредени точки во изложбените простории. Таму тој дава објаснувања за возилото и технологиите преку безжично поврзување со голем екран на соодветната локација во изложбениот салон. Со своите флексибилни раце, тој може да даде повратни информации со многу гестови или само да им мавта на посетителите. Можеби љубезно продолжува да мафта и кога се бара попуст?!