Hyundai Ioniq 9 – Масивна батерија и седум патници

Следната година Hyundai ќе го лансира својот трет модел од својата електрична под-марка.

По комерцијализацијата на Ioniq 5 и Ioniq 6, Hyundai најави дека следната година ќе лансира потполно електричен моноволумен со можност за превоз на седум патници.

Со должина поголема од пет метри и меѓуоскино растојание од 3,13 метри, Hyundai најави дека Ioniq 9 во полна поставеност на седиштата ќе има волумен на багажникот од 338 литри. Корејската марка најавува дека овој модел ќе има масивна батерија од  110 kWh што ќе обезбеди автономија до 620 километри и капацитет на влечење до 2,5 тони.

Верзијата со погон на сите тркала со споменатата батерија испорачува 160 kW спринта од мирување до стотка за 5,2 секунди. Има и послаба изведба со мотор инсталиран напред од 70 kW.

Ioniq 9 ќе има, меѓу другото, централна конзола која може да се поместува за 19 сантиметри и внатрешно заоблен панорамски дисплеј. Во внатрешноста се користат многу одржливи и рециклирани материјали.

Големотo електричнo спортско-корисно возилао е првиот екетричен модел на Hyundai со алуминиумски браници и странични панели за намалување на тежината и зголемување на ефикасноста. Во Европа Hyundai Ioniq 9 се очекува во средината на идната година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER