Hyundai i20 » Необично атрактивен

Top News Новитети

Необично атрактивен

Новиот Hyundai i20 отсега и со милд-хибридни мотори

Објавено на 20 февруари 2020 година

Пред својата светска премиера, Hyundai ги објави деталите за новиот i20. Веќе со првиот поглед станува јасно дека Корејците решиле да ја свртат плочата и на публиката да им се обратат во еден друг стил. Така новиот i20 изгледа поагресивно и далеку атрактивно од својот помалку монотон претходник. Маската напред е масивна и мрежаста и ги поврзува интересните светла, а деталите и всисниците на воздух го нагласуваат спортскиот впечатокот. Коментари ќе предизвика и задниот дел со кој дизајнерите си поиграа и му наменија светла со необичен облик и споени со црвена лед лента. Димензиите доживеаја мали корекции, но поинаквата конструкција овозможи багажникот да порасне за цели 25 литри – на вкупно 350. Подобрена е практичноста во внатрешноста која треба да биде доста помодерна и дигитална. За разлика од остриот изглед моторите му се припитомени, но не и слаби. Основниот 1,2 литарски атмосферски располага со 84, а трицилиндричниот еднолитарски турбо со 100 коњски сили. Значајна новост е неговата мајлд-хибрид изведба со 48-волтен електричен систем и 120 коњи, која идеално ќе се вклопи со седумстепената автоматизирана трансмисија со двојна спојка.

Како  и досега, Hyundai i20 ќе се произведува во Турција.

клучни зборови: ,