Електрична офанзива во Индија
Hyundai објави дека ја купува фабриката на General Motors во западноиндиската држава Махараштра
Откако General Motors во 2017-та ги запре своите активности во Индија, две негови фабрики беа ставени на продажба. Помалата и постарата отиде кај MG, а поголемата му беше таксана на Great Wall. Но работите се искомплицираа заради правните спорови со работниците и неодобрувањето на продажбата од страна на индиските регулатори заради внимателниот надзор на кинеските вложувања во земјата. Сега, откако минатата недела Hyundai објави дека планира да претстави повеќе електрични возила во Индија и да вложи 2,5 милијарди долари за зголемување на производството, стигна вест дека е купена споменатата фабрика на General Motors. Никакви детали за зделката, ниту финансиски ниту некои други не се објавени освен дека фабриката која сега има капацитет за 130.000 возила годишно ќе биде надградена и подготвена за почеток на производството во 2025 година. Со тоа, Hyundai во Индија ќе има капацитет за производство на милион возила годишно.