Husqvarna – Devil S

насловна Поглед во иднината

Моторцикл за сите???

Футуристичкиот дизајн треба да обедини повеќе типови на возење моторцикл

објавено 05. август 2021

Изгледот на овој проект му го даде студентот по дизајн Хаочен (Венсон) Веи. Тој веќе е прекален борец со потпишаните концепти Rolls-Royce Erebus, кој се карактеризира со кристално кинетичко модуларно тело, и внатрешен дизајн на пикап на Lexus.

Концептот Husqvarna Devil S одговара на сечиј стил. Со својот футуристички дизајн сличен на автомобил, тој ги обединува погодностите на автомобилите и мотоциклите за да го понуди најдоброто од двата света. Без разлика дали станува збор за лежерно патување, крстосување или ендуро возење оваа замисла е поддржана од технологијата.

Аеродинамичното тело на моторциклот е направено да обезбеди не само доволно брзина и пробојност низ преполните градски улици, туку и да ја осигура безбедноста на возачот.

Затворената кабина има ентериер инспириран од автомобил, со црвени LED диоди и соодветни појаси. Она што го издвојува овој концепт се вратите кои изгледаат слично на „ножичките“ на Lamborghini но, тие се всушност инспирирани од крилја на светулки. На секоја страна од внатрешноста, има панели што ја прикажуваат статистиката на возењето, како што се брзината или процентот на батеријата, како и други технолошки карактеристики, вклучувајќи Bluetooth, GPS и интернет конекција.

Позицијата за седење е обезбедена со лесната и силна структура која дава многу ниска позиција на возачот, па поради тоа е оправдан сомнежот дека возењето со него би можело да биде застрашувачко. Ова е само концепт кој е далеку од реализација, но смело дава еден нов смер на перцепција и употребливост на двете тркала.