Легендата се враќа
Honda го претстави новиот Prelude за кој не се знае многу освен дека е електричен
Honda Prelude се враќа како електрично спортско купе кое ја демонстрира посветеноста на марката на, како велат самите тие, радоста на возењето. Малку е кажано за овој елегантен автомобил, но тоа што беше кажано во зборовите на претседателот и извршен директор на компанијата Тошихиро Мибе кој ја повика јавноста да ги задржи високите очекувања, беше кристално јасно: вредно напредуваме со развојот!
Prelude има доста битна позиција во историјата на Honda. Не е ниту најдобриот, ниту најпознатиот модел на марката, но долг низ години беше еден од омилените. Затоа и секое споменување на негов наследник буди емоции. Модерното негово издание треба да биде олицетворение на перфекцијата која Honda ја негува, заради што процесот на развој тече побавно. Кога моделот ќе биде подготвен за производство не се прогнозира, иако изгледа дека е. Можеби и затоа сите детали за него остануваат мистерија. Дури и страничните стакла на експонатот се затемнети и за внатрешноста ништо не се знае.
Но кога и да биде, јасно е дека концептот не само што најавува нов модел од гамата на Honda туку покажува и дизајнерски правец кој ќе нé однесе до некои други модели, пред сé популарниот Civic. Од напред се забележуваат светлата со остри линии споени со ЛЕД лента и долниот дел од браникот во темна боја, со мрежеста структура и дизајнерски елемент во сина нијанса. Студијата од страна одговара на профилот на класичниот Prelude, a линијата на покривот брзо се собира кон задниот дел со црн спојлер и сјаен браник.
Сепак, за работите да се разјаснат, мора малку да се почека.