Сечило со четири острици
Објавено на 21 ноември 2019 година
Четирите R букви во ознаката на новиот Fireblade покажуваат колку е остро неговото сечило. Овој вистински супербајк во цивилен костум има еднолитарски агрегат со 218 коњи и алуминиумска рамка со дијамантска конструкција. Врвното ослонување и моќните сопирачки ќе се справуваат со супериорните перформанси, дополнително зачинети со новата електроника. За него Honda вели и дека има најдобра во класата аеродинамика, со коефициент на отпор на воздухот од 0,27.
Видео