Hertz пред банкрот!

Top News Вести

Hertz пред банкрот!

Глобалниот гигант за изнајмување автомобили Hertz во САД се најде во нималку завидна позиција

Објавено на 5 мај 2020 година

Кризата предизвикана од коронавирусот тешко го погоди Hertz, кој е на работ на банкрот – вчера истече рокот до кога овој глобален гигант требаше да ги плати ратите за лизинг на возилата во САД, кои сега собираат прашина на депоата оти нема кој да ги изнајми. Разговорите со кредитодавачите се во тек, но тие не покажуваат разбирање за нималку завидната ситуацијата во која се најде компанијата. Обидите да се скратат трошоците главно со отпуштање на работници не беа доволни за ги одоброволат финансиските куќи, кои не се подготвени да му ги одложат обврските бидејќи и тие имаат проблеми. Главниот извршен директор Кетрин Маринело изјави дека компанијата прави сé што може за да се избегне банкротот, вклучувајќи и барање државна помош исто како и за авио-секторот. Таа потврди дека Hertz има долг од дури 17 милијарди долари. За последните три месеци акциите на компанијата чие седиште е во Флорида опаднаа за цели 73%.