Харли Давидсон, Трамп и царинската војна со Европската Унија
Објавено на 26 јуни 2018 година
Ни крив ни должен, легендарниот Харли Давидсон се најде на линијата на огнот на фронтот што претседателот Доналд Трамп го отвори во царинската војна со Европската Унија. Согласно бизнис-логиката, американски производител на мотоцикли реагираше како може, а во моментов не може многу, да не кажеме ништо. Сепак првата информација што стигна од нив е дека цените на мотоциклите нема да се зголемуваат како резултат на потребата за покривање на трошоците за дополнителната (да не кажеме казнената) царина која ЕУ како контра-мерка ја воведе за некои производи од САД. Компанијата очекува оваа мерка годишно да влијае на нивното работење со сума меѓу 90 и 100 милиони долари, односно по 2.200 долари просечно за секој мотоцикл извезен во ЕУ. За да се анулира овој негативен финансиски ефект се размислува производството на европските модели да се пресели во некои меѓународни подрачја со што би се избегнале царините од 25 отсто што за низ производи од САД ги воведе ЕУ.
Во меѓувреме, неповрзани една со друга, се појави вест дека Харли Давидсон подготвува велосипед. Тој е настаната како омаж на историјата на легендарниот производител за периодот меѓу 1917 и 1922 година, со кој се сака да се заинтересираат помладите купувачи за производите на оваа марка. Како и да ви изгледа сето ова, мора да признаеме дека се добива солиден впечаток за мислата зошто Харли посегна по истата метода како и некогаш. Во духот за зачувување на одамна застарената технологија, неговиот велосипед е верно моделиран според моделот од 1917 година, што значи дека намерно е заборавено на софистицираните додатоци како што на пример се хидрауличните сопирачки, амортизерите па дури и менувачот. Но тоа не беше пречка неговата цена да се постави на 4.200 долари, иако рака на срце, и покрај подготвеноста да ги платите, ќе ви биде потребна и доста среќа да дојдете до еден примерок од него, бидејќи ќе бидат направени само десет.