Harley-Davidson LiveWire (со видео) ☈ На струја за 28.000 долари

На струја за 28.000 долари

Ниту легендарниот Harley-Davidson не остана имун на електрификацијата

Објавено на 30 јули 2019 година

Најавен пред доста време, првиот електричен мотоцикл на Harley-Davidson пристига на пазарот со ознака LiveWire и цена од 28.000 долари. Иако уште од јануари се примаат нарачки за него, првите купувачи сé уште чекаат на испораката на своите примероци. Нив ќе ги добијат месецов што следи, кога ќе можат да проверат дали малата литиум-јонска батерија од 15,5 kWh навистина му обезбедува автономија од 110 милји (177 километри). Од Harley-Davidson велат дека за еден час на куќен полнач таа ќе се наполни со струја доволна за 21 километар, а на супербрз полнач ќе биде целосно полна после 35 минути. Електромоторот од 74 коњски сили треба да му обезбеди забрзување до 96 km/h за 3,5 секунди, а максималната брзина му е лимитирана на 153 километри на час. Многу други детали за него сé уште не се објавени, но се знае е дека ќе има седум режими на возење со кои возачот ќе може да ги контролира перформансите. Во тоа ќе му помогнат и елементите од Brembo, Showa и слични познати имиња од класичниот мото свет.

Harley-Davidson планира во наредните години да електрифицира широка палета свои мотоцикли, свртувајќи се радикално кон модерната и урбана популација заинтересирана за возење без последици по околината. Но нема да бидат заборавени ниту традиционалните поклоници на марката.

Видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER