Chevrolet Silverado :: Голем пикап, мало изненадување (со видео)

Голем пикап, мало изненадување

Иако покажан пред почетокот на салонот, за новиот Silverado постоеше голем интерес во Детроит
Објавено на 15 јануари 2018 година

Објавувајќи ги деталите за славеничкиот Silverado, од Chevrolet истакнаа дека оваа генерација е подобра отколку било која досега благодарејќи на новата конструкција. За разлика од конкурентскиот Ford F-150 таа и понатаму претежно е челична, но сега полесна за 200 килограми. Како доказ за издржливоста на новиот Silverado, беше истакнато дека прототипите имаат поминато повеќе од 11 милиони километри. Должината му е зголемена за 4, а меѓуоскиното растојание за 10 сантиметри. Изгледот му е поагресивен, а гамата проширена со нова верзија со истакнати теренски способности. Chevrolet SilveradoЗа погон и понатаму ќе бидат задолжени 5,3 и 6,2 литарски V8 бензинци, на кои ќе им се придружи новиот трилитарски дизел. Тој и поголемиот бензински мотор ќе бидат достапни и со потполно новиот 10-степен автоматски менувач, додека погонот на сите тркала е опција. Мало изненадување беше тоа што седум од осумте цилиндри на посилниот мотор се деактивираат заради заштеда на горивото.

Публиката на штандот на Chevrolet имаше можност и да се забавува со помош на виртуелната 4-Д лабораторија која General Motors ја користи за тестирање на прототипите. Таа овозможува да се доживее возењето во повеќе различни сценарија вклучувајќи и тешки терени и тркачки патеки.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER