Тестиран на сите четири страни на светот
Сметајќи дека се мајстори за извлекување перформанси, и Корејците сакаат да се вклучат во битката меѓу врелите кросовери – семејството Magma на Genesis ќе го вдоми GV60 во неговото електрично издание. Тестирањата спроведени на сите четири страни од светот веќе се при крај и тие гордо известуваат дека подготовките за дебитирање на овој модел се завршени. Сепак не известија за точниот датум, ниту пак за неговите способности – она што се знае е дека ќе биде на ниво на M-моделите на BMW и AMG на Mercedes. Љубопитноста засега ни ја задоволија со оваа една единствена фотографија и информациите дека прототипите во зимски услови се тестирани во Шведска, на високи температури во Калифорнија, на планински предели и големи надморски височини во Нов Зеланд и во мешани услови во Шпанија.


